СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Норвешка блокираше продажба на стратешка компанија на Русите

Норвешка ја блокираше продажбата на производителот на стратешки мотори „Bergen Engines“ на руска компанија, објави во вторникот министерот за правда, образложувајќи ја одлуката со заштита на националната безбедност.

Плановите за продажба на филијалата на „Rolls-Royce Power Systems“ на руската TMH International за околу 186 милиони американски долари се најдоа на удар на опозициските кругови.

„Продажбата ќе ги зајакне воените можности на Русија, несомнено спротивно на интересите на Норвешка и нејзините сојузници во сферата на безбедноста“, рече министерката за правда Моника Меланд пред парламентот.

Владата ги разгледа информациите што и ги достави воената разузнавачка служба, додаде Меланд.

Конечната одлука за прекин на продажбата ќе ја донесе Владата на седница во петок, рече министерката.

Министерот за одбрана, Франк Баке-Јенсен изјави дека одлуката на владата ја потврдува ефективноста на новиот закон за безбедност на Норвешка.

„Bergen Engines“ развива модерни технологии и произведува бензински и дизел мотори кои би играле значајна стратешка улога за Русија, смета владата.

Иако норвешката компанија не мора да бара дозвола за извоз на своите производи и технологии, Русија тешко ја набавуваше таквата технологија од 2014 година, кога западните земји и воведоа санкции поради кризата во Украина.

Норвешка е членка на НАТО и ги поддржа санкциите против Русија, потсетува ДПА.

Поврзани вести

Германскиот бизнис лут на Меркел поради бавното отворање на економијата

Влатко Зорба

Apple плаќа 113 милиони за аферата за забавување на iPhone

msp-admin

Економијата на Велика Британија страда од најголемиот колапс во последните 300 години (инфографик)

Влатко Зорба