20.8 C
Скопје
19 септември, 2025
СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Нова бензинска станица со брендот ОКТА отворена во Скопје (ФОТО)

Започна со работа новата бензинска станица со брендот ОКТА, лоцирана во населбата Автокоманда, во Скопје. Лесно достапна за возачите, опремена со четири пумпи со најсовремена технологија, бензинската ќе понуди горива со врвен квалитет и интересни содржини за сите посетители. Со ова, малопродажната мрежа со брендот ОКТА се зголеми на вкупно 27 бензински станици, распространети низ целата држава.

„Денеска семејството на ОКТА стана побогато со својот 27-ми член. Со извонредниот дизајн и иновативната технологија, оваа бензинска станица веднаш ќе прерасне во препознатлив симбол на градот Скопје. Сега, нашите потрошувачи можат да најдат сè на едно место – горива со врвен квалитет, одлична услуга, авто перална, мини маркет и светски познат ланец на храна. Со гордост можам да кажам дека тука нашите горива се проверени до последна капка“, изјави Јанис Геруланос, Главен извршен директор на ОКТА.

Новата бензинска станица ќе биде отворена 24/7, а во нејзин состав се достапни и дополнителни содржини – супер маркет, автоматска авто-перална, како и ресторан на KFC. Потрошувачите ќе бидат сигурни за квалитетот и количината на горивата кои ги купуваат, со оглед на тоа што, како и на останатите бензински станици со брендот ОКТА, и на оваа ќе се врши директна и редовна контрола на горивата преку Програма Гаранција, која е прва сеопфатна програма за контрола на квалитетот и количината на горивата во државата.

На отворањето на новата бензинска станица присуствуваа министерот за економија Крешник Бектеши, градоначалникот на Општина Гази Баба, Борис Георгиевски и бројни партнери и соработници.

Фото: Борче Поповски

Поврзани вести

Само милијардерите ќе ја паметат годинава по добро

msp-admin

IQOS уредот со несогорлив тутун на Филип Морис почна да го освојува пазарот во САД

msp-admin

„Tesla Cybertruck“ доаѓа и во Европа?

msp-admin