СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

„НУС ПОЈАВА“ на пандемијата – 114 милиони ОТКАЗИ

Околу 114 милиони луѓе во светот останаа без работа поради пандемијата на коронавирус, но и мерки против пандемијата и ограничувањата на државите и компаниите, предупреди Меѓународната организација на трудот (МОТ).

Најтешко се погодени младите работници, жени, самовработени и ниски и средно квалификувани лица, според МОТ.

Анализите на МОТ за ефектите од пандемијата врз светската економија покажуваат дека 114 милиони работни места биле изгубени во светот во 2020 година во споредба со 2019 година, дека најголемите загуби на работни места биле во Соединетите Држави, а најмалите во Централна Азија и Европа, каде се спроведени активни мерки за задржување на работните места со намалување на работното време и финансиска поддршка на компаниите и работниците.

Загубите на работните места кај жените биле за пет проценти повисоки отколку кај мажите, а кај младите работници за 8,7 проценти во споредба со постарите работници.

Најновите ажурирани проценки на МОТ се дека во текот на целата пандемија во 2020 година во светската економија, изгубени се 8,8 проценти од глобалното работно време во споредба со последниот квартал од 2019 година, што е еквивалентно на загуба на 255 милиони работни места со полно работно време.

Поврзани вести

Кинески инвеститори размислуваат за изградба на рафинерија за нафта во Србија во вредност од 2,6 милијарди долари

Влатко Зорба

6G ќе ја замагли линијата помеѓу реалното и виртуелното

msp-admin

Форд инвестира милијарда долари во фабрика во Европа

Влатко Зорба