СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Oд вишок килограми до дебела сметка – креирала апликација за слабеење вредна 55 милиони евра

Започна од нула, а сега е сопственик на најпопуларната апликација од областа на здравјето и фитнесот. BetterMe ја презеле над 50 милиони луѓе, а нејзин творец е Украинката Викторија Репа. Бизнисот ѝ вреди 60 милиони долари (околу 55 милиони евра), а ова е нејзината приказна.

Репа ја стартуваше апликацијата BetterMe, но без никакво ИТ знаење, бидејќи во селото каде таа пораснала немало компјутери, а училишните часови траеле само 20 минути во зима затоа што немало радијатори. Сепак, книгата не недостасувала, а најмногу од сè сакала да го чита Ворен Бафет, успешен инвеститор и милијардер.

Дека страста, односно мотивацијата, е клучна за започнување на секој бизнис, приказната на оваа млада девојка го потврдува тоа. Таа вели дека имала проблем со губење на тежината во детството и не била охрабрена од нејзиното семејство да започне со слабеење.

Но, како што одминувале годините, нејзината желба да се справи со нејзиниот изглед станала поголема, а потоа фитнесот стана мисија. Таа сакала да им помогне на другите и да ги охрабри.

По завршување на студиите на Економскиот факултет, таа доби работа во една компанија во 2016 година, кога имала 24 години. Сепак, таа не била задоволна, а отсуството на поддршка од семејството и ги отежнувало работите.

Но, водена од нејзината голема желба и подготвеност да ризикува, таа се откажала од својата сигурна работа и се обидела да го оствари детскиот сон.

Таа сакаше да дизајнира апликација што ќе им помогне на луѓето да изгубат тежина од една страна, а од друга страна да ја лекуваат емоционалната болка, каква што и таа чувствувала додека растела. Таа ги здружи силите со ко-основачот на BetterMe Виталиј Лаптенк, експерт за создавање видеа и содржина на социјалните мрежи.

Иако Киев е дом на некои софтверски компании, нема развиена технолошка старт – ап сцена. Тоа беше нејзината шанса. BetterMe во моментов е најпопуларна во САД и е составена од пет различни апликации достапни на платформите за iOS и Android:

1. BetterMe: Weight Loss Workouts

2. BetterMe: Calm, Sleep, Meditation

3. BetterMe: Yoga

4. BetterMen: Workout Trainer

5. BetterMe: Walking

Има илјадници следбеници на социјалните мрежи, а планот за двонеделно вежбање дома за време на карантинот деновиве привлече особено внимание.

Поврзани вести

App Store со бруто приход од 64 милијарди долари за 2020 година

Влатко Зорба

Zara затвора над 1.000 продавници

msp-admin

Д-р Филип Станковиќ: Активно работам на остварувањето на визијата за свет без чад од цигари

msp-admin