СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Кои компании се „најзаразени“ од Ковид-19?

Пандемијата предизвикана од коронавирусот не само што е здравствена, туку и криза што продира длабоко во економијата. Македонија е мала земја, исто толку мал пазар, па не е имуна на сите предизвици што ги носат ваквите случувања.

Се наметнува прашањето колку оваа криза е “виновна“ за згаснување на компании, дали претприемачите (не) се одлучуваат да реализираат идеја и во вакви услови? Конкретни одговори тешко може да се најдат, но затоа тука може да послужат податоците за новоотворени и згаснати компании во текот на минатата и до 10-ти јуни годинава, анализира Бизнис Инфо.

Микро компаниите најголема “жртва“ на корона кризата?

Ако лани згаснале 5.099 микро компании (до 10 вработени) во земјава, од почетокот на годината до 10-ти овој месец клуч на врата ставија 4.106 микро компании или над 80%, покажуваат податоците добиени во соработка со Target Group.

Кога се анализираат малите или компании што вработуваат до 50 лица, тогаш билансот на згаснати лани за цела година бил 321, а до 10-ти овој месец, затворени се 306 компании од тој ранг. Минатата година нема ниту една затворена компанија во којашто работат до 250 лица, додека од почетокот на оваа година до 10-ти јуни затворена е една таква компанија.

Клуч на врата ставиле три големи компании

Ако во цела 2019 година се затворени четири големи компании (над 250 вработени), тогаш за помалку од шест месеци за оваа година клуч на врата имаат три големи компании во земјава.

Податоците покажуваат дека вкупниот број на згаснати компании минатата година е 5.449, а за помалку од шест месеци од 2020 година, билансот е 4.503 згаснати компании во земјава или 82%. Се поставува прашањето дали причина за нивното затворање е кризата предизвикана од пандемијата или се работи за нешто друго?

Целата анализа на следниот линк!

Поврзани вести

Бислимоски се жали дека ВМРО-ДПМНЕ му врши директен притисок

msp-admin

„Хитроу“ ќе наметне дополнителни трошоци на патниците

Влатко Зорба

Вредноста на компанијата скокна за 50 отсто, Џек Ма продаде акции и го намали уделот

msp-admin