17.8 C
Скопје
18 септември, 2026
СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Околу 305 илјади граѓани користат Домашна платежна картичка

Околу 305 илјади граѓани користат Домашна платежна картичка. Заклучно 1 август доделени се картички во вредност од 26,7 милиони евра, од кои корисниците до тој датум потрошиле околу 23 милиони евра, соопшти министерката за финансии, Нина Ангеловска.

Ова се средства кои се вбризгани во домашната економија преку купување македонски производи и услуги.

Со картичките реализирани се над 1,7 милиони транскации. Најголем дел од нив се во:
* Маркети (89%)
* Ресторани и храна (5%)
* Текстил, облека, обувки (3%)

Домашнaта платежна картичка има повеќекратен бенефит за граѓаните и економијата: ја поддржува приватната потрошувачка; ги поддржува домашните производители и услужни дејности; придонесува за раздвижување на економската активност;придонесува за безготовинско плаќање, вели министерката.

Граѓаните-корисници кои ја немаат подигнато својата картичка можат се уште да го направат тоа до 15 август – кога е крајниот рок за користење на истите.

Поврзани вести

Работа од дома и без диплома: 10 најплатени работни места

msp-admin

Еден од најбогатите Кинези држен како заложник во неговиот дом

msp-admin

Huawei ги чисти своите редови од американски шпиони

msp-admin