СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

ОКТА прва компанија во државата со „CoVid-Shield“ сертификат

ОКТА АД – Скопје ги заврши сите потребни процедури за добивање највисоко ниво „CoVid-Shield“ сертификат за работните простории и инсталацијата во Миладиновци. Со тоа стана прва компанија во државата која е акредитирана со овој иновативен сертификат. Од почетокот на пандемијата, приоритет на OKTA беа безбедноста на нејзините вработени, соработници и потрошувачи, поради што беа преземени сите неопходни мерки и имплементирани сите препорачани здравствени протоколи.

„CoVid-Shield“ е независна постапка за сертифицирање, развиена од „TÜV AUSTRIA Hellas“ и претставува интегрирана шема за сертифицирање чија цел е да ја зголеми довербата на граѓаните и потрошувачите во компаниите кои ја примениле и добиле сертификат согласно оваа шема. Во оваа смисла и со силно чувство на одговорност, општествена свесност и бизнис етика, ОКТА презеде итни активности од првиот ден на здравствената криза, со цел да создаде безбедна работна средина.

„Ние во ОКТА презедовме итни активности, применувајќи ги сите неопходни мерки за да ги заштитиме нашите вработени и клиенти. Ова е директно потврдено со добивањето на „CoVid-Shield“ сертификатот. ОКТА останува на страна на своите вработени и потрошувачи, ставајќи ги на прво место безбедноста и одговорноста, при тоа гледајќи на иднината со внимателност и оптимизам“, изјави Вук Радовиќ, Главен извршен директор на ОКТА.

Сертифицирањето со „CoVid-Shield“ се спроведе на групациско ниво при што во процесот на контрола беа опфатени сите подружници во петте земји во кои работи групацијата Хеленик Петролеум.

Поврзани вести

Германците ја потценуваат можноста за губење на работни места поради автоматизацијата

Влатко Зорба

Убер со видео порака за 3 минути отпушти 3.500 работници

msp-admin

За прв пат во ЕУ се регистрирани повеќе електрични отколку дизел возила

msp-admin