ОКТА ја започна 2020 година со одлични достигнувања на продажните количини на двата пазари на кои делува, но претрпе неповолни ефекти од падот на меѓународните цени на горивото поради пандемијата на КОВИД – 19. Приходите од продажба достигнаа 4,932 милиони денари, споредено со 5,613 милиони денари истиот период минатата година.
Бруто маржата, следејќи го истиот тренд, достигна негативно ниво од 133 милиони денари, што е значително пониско споредено со 232 милиони денари во истиот период минатата година, главно поради споменатиот негативен ефект од падот на меѓународните цени на горивото. Ова доведе до исправка на вредноста на залихите во износ од 171,3 милиони денари, како и негативен ефект на залихите во износ од 166 милиони денари. Добивката пред оданочување во првиот квартал од 2020 година достигна негатива од 323 милион денари, споредено со добивката пред оданочување од 29 милиони денари забележана истиот период минатата година.
Последици и справување со КОВИД – 19 – Клучни случувања
Прогласувањето на пандемија од КОВИД – 19, како и мерките за справување кои беа имплементирани на глобално ниво, имаа значително влијание на економијата, при што беше погоден и меѓународниот енергетски сектор. Според проценките, падот на глобалната побарувачка за време на рестрикциите на движење и на економските активности ќе достигне, па дури и ќе го надмине прагот од 20%, во текот на вториот квартал од 2020 година, што ќе доведе до голем пад и непредвидливост на цените на суровата нафта и на нафтените деривати. Дополнително, неможноста на постоечките капацитети за складирање да го апсорбираат вишокот на понуда, резултираше со договор на земјите производители на нафта за намалување на производството за c.10mbpd започнувајќи од мај, додека повеќето светските рафинерии работат со намален капацитет, па дури и ќе бидат целосно затворени во текот на вториот квартал од 2020 година. Домашниот пазар, исто така, беше погоден, што доведе до намалување на побарувачката на автомобилските горива во текот на месец април.
Компанијата уште на почетокот на февруари, воведе серија мерки за справување со кризата, при што главни приоритети беа здравјето и безбедноста на вработените и клиентите, непречена работа на капацитетите со цел непрекинато снабдување на пазарот, притоа обезбедувајќи доволна ликвидност и справување со ризик. Увидувајќи ја нашата позиција која е од суштинска важност за функционирањето на економијата и институциите во вонредна состојба, го одржавме работењето преку намалено користење и присуство на персоналот во работните простории, создавајќи резервен тим на вработени кои останаа дома, со можност да бидат ангажирани во ситуација на потврден случај со КОВИД-19 кај некој од членовите на активниот тим, што за среќа до сега се нема случено. Благодарение на ваквиот начин на работа, како и на големото разбирање од страна на властите за создавање услови, транспортерите безбедно да ги минуваат границите, обезбедивме непречен увоз и снабдување на пазарот со нафтени деривати во целиот овој период. Дополнително, беше воведен нов модел за комуникација (WFH) со употреба на дигитални технологии, кој овозможи работа од дома за мнозинството вработени.
Истовремено, како општествено одговорна компанија, ОКТА обезбеди поддршка на здравствениот сектор во земјата, преку донација на медицинска опрема во вредност од 50.000 евра, наменета за Универзитетската клиника за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје.
ОКТА успеа да ја задржи својата стабилна финансиска позиција, која и дава можност на компанијата да биде подготвена да се справи со сите последици кои би произлегле од кризата предизвикани од корона вирусот, во насока на враќање кон нормалното ниво на оперативност.
Во опкружување полно со предизвици, за менаџментот на ОКТА приоритет остануваат здравјето и безбедноста на вработените и клиентите, непрекинатото снабдување на државата со нафтени деривати, внимателното следење на развојот на настаните на домашниот и на странските пазари, како и искористувањето на сите можности кои ќе излезат во пресрет.