СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Пандемијата „удри“ и по рекламниот сектор

Рекламниот сектор оваа година очекува пад од 10%, а најголеми последици трпат компаниите во Бразил, Јапонија и Велика Британија.

Анализите покажуваат дека ако се исклучат политичките рекламирања во САД, пазарот на рекламирање ќе достигне 517,5 милијарди долари или 12% помалку во однос на 2019 година, пренесува Deadline.

Најголем пад има телевизиското рекламирање, што стагнира веќе подолг временски период, како и огласувањето на отворен простор, што опфаќа рекламни паноа, билборди и слично, поради тоа што луѓето за да се заштитат од коронавирусот остануваа во затворен простор.

Телевизиското рекламирање за оваа година се очекува да се намали за 17,6%. Кај дигиталното рекламирање се очекува пад од 2,3%. Голем број компании вложуваат во дигитални реклами бидејќи се поевтини од телевизиските, а кампањите можат полесно и да се отпочнат, но и да се откажат.

Закрепнување на глобалниот рекламен пазар се очекува следната година, со проектиран раст од 8,2%. Но, експертите очекуваат ситуацијата да се стабилизира дури во 2022 година, односно да се врати како во периодот пред пандемијата.

Поврзани вести

„Eurobarometer“: Кои се најважните прашања за иднината на Европа по завршувањето на пандемијата?

Влатко Зорба

ЕУ одобри помош од 4 милијарди евра за „Ер Франс“

Влатко Зорба

Екипата од „Редит“ „јача“ акции на производители на канабис

Влатко Зорба