СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Синдикатите во Словенија незадоволни со „минималецот“ од 1.024 евра

Министерот за труд на Словенија, Јанез Циглер, по состанокот со претставниците на словенечките синдикати најави дека оваа година минималната плата ќе се зголеми од претходната 941 на 1.024 евра бруто.

Ова се смета за втора најважна од осумте мерки во законот за економска помош за време на епидемијата на коронавирусот во Словенија, пренесува агенцијата СТА.

Новата формула за пресметување на минималната загарантирана плата во Словенија предвидува таа да биде најмалку 20, но не повеќе од 40 проценти над минималните трошоци за живот.

Синдикатите не се задоволни од ваквиот пристап на владата, а претседателот на ПЕРГАМ, Конфедерацијата на словенечки синдикати, Јакоб Почивавжек, предупредува дека зголемувањето не вклучува реални зголемувања на трошоците за живот од 2017 година, кога за последно беа пресметани овие минимални трошоци.

Поврзани вести

МЛАДИТЕ НАЈМНОГУ НА УДАР: Скоро 6 милиони луѓе во ЕУ останале без работа поради короната

Влатко Зорба

НОВ РЕКОРД НА „ТЕСЛА“: Остварен профит од 438 милиони долари во првиот квартал

Влатко Зорба

Xiaomi со поголем потенцијал за раст од Amazon и Tesla

msp-admin