СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

PepsiCo ја удвои својата цел за намалување на влијанието на климатските промени

PepsiCo ги објави своите планови за удвојување на климатските цели базирани на наука, а тоа е да се намалат емисиите на стакленички гасови за повеќе од 40% во апсолутни износи до 2030 година во рамките на својот синџир на вредности. Компанијата исто така се обврза да постигне нула емисии до 2040 година, една деценија порано од Парискиот договор.

PepsiCo планира да ги намали апсолутните емисии на стакленички гасови во рамките на своите директни операции за 75%, додека во рамките на индиректните операции за 40% до 2030 година (во споредба со 2015 година). Оваа акција се очекува да резултира со намалување на повеќе од 26 милиони тони емисии на стакленички гасови, што е еквивалентно на повлекување на повеќе од пет милиони автомобили од употреба за една година.

„Влијанијата што сите ги имаме врз климатските промени стануваат сè понеповолни и затоа мора да иницираме итни системски промени потребни за нивно решавање“, рече претседателот и извршен директор на PepsiCo, Рамон Лагуарта, додавајќи: „Планот што го спроведуваме е во срцето на нашиот бизнис како глобален лидер во производството храна и пијалоци и е двигател на патеката на PepsiCo што треба да придонесе за постигнување позитивни влијанија врз планетата и луѓето. Нашата амбициозна цел ќе не одведе на предизвикувачки, но решителен пат напред – едноставно нема друга опција освен акција што треба веднаш да се преземе“.

Во Европа, PepsiCo веќе ги намали вкупните емисии на гас за 6% од 2015 година, во согласност со глобалното намалување. Новиот сеопфатен план за намалување на емисиите ќе се фокусира на приоритетните области како што се земјоделството, пакувањето, дистрибуцијата и деловното работење.

Покрај влијанието на климатските промени што го има во синџирот на вредности, PepsiCo е дел од неколку партнерства насочени кон поттикнување на акција за климатските промени, вклучително и иницијативата One Trillion Trees, RE100 и The Climate Group RE100 и We Are Still In.

Објавата на PepsiCo е во согласност со Повелбата за постигнување деловна амбиција за ограничување на затоплувањето на 1,5 ° C и е одобрена од иницијативата Science Based Targets како најамбициозен потфат во нивниот процес.

„Му честитаме на PepsiCo за поставувањето на целта за намалување на емисиите во согласност со границата за загревање на 1,5 ° C, како најамбициозна цел на Парискиот договор“, рече Нејт Аден, постар соработник на Институтот за светски ресурси, еден од партнерите во Science Based Targets иницијативата и додаде: „Компаниите мора да играат витална улога во намалувањето на глобалните емисии и охрабрувачки е да се видат големи играчи, како што е PepsiCo, како преземаат амбициозни активности“.

Поврзани вести

ТРГОВСКА ВОЈНА: Кој сака Huawei да биде забранет за 5G во Германија

msp-admin

Лани сме купиле мед од странство вреден скоро 700.000 долари

msp-admin

Кои се најважните точки низ кои минуваат резервите на нафта низ целиот свет? (инфографик)

Влатко Зорба