СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Петров: Македонија како стартап и технолошки хаб во регионот (ВИДЕО)

„Во следниот мандат, целосно сме фокусирани на новиот бран на млади, македонски претприемачи. Заедно со нив, во следните четири години ќе ја позиционираме Република Северна Македонија како стартап и технолошки хаб во регионот. Наша цел е развивање на претприемничка култура, базирана на иновации, технологии и креативност и создавање на глобален продукт, оттука од Северна Македонија“, вели денеска потпретседателот на СДСМ, Коста Петров.

„Технологиите ќе ја имаат централната улога во новата македонска економија и токму поради тоа персоналниот данок во ИТ индустријата го намалуваме на 0% до 2023 година. Во новата македонска економија ги мотивираме младите да започнат сопствен бизнис“, посочува Петров.

Поврзани вести

Кина ги намалува царините за повеќе од 850 увезени производи

msp-admin

Huawei се жали на одлуката на судот по исклучувањето од 5G мрежата на Шведска

Влатко Зорба

Руска централна банка: Тековни цени на нафтата се фер

Влатко Зорба