СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Pfizer произведе повеќе од 70 милиони дози на вакцина против Ковид-19

Pfizer и нејзиниот германски партнер BioNTech произведоа повеќе од 70 милиони дози вакцина против Ковид-19 до крајот на 2020 година, објави во вторникот извршниот директор на Pizer, Алберт Бурла.

„На крајот на минатата недела во 2020 година, веќе произведовме повеќе од 70 милиони дози, од кои 50 милиони беа пуштени на пазарот, бидејќи треба да се направи контрола на квалитетот пред дистрибуција“, изјави Бурла за „CBS“.

BioNTech објави во понеделникот дека двете компании го зголемија целното производство во 2021 година од 1,3 на две милијарди дози, со оглед на тоа дека отворија нови производствени линии и може да се извлечат повеќе дози на вакцини од едно шише.

Поврзани вести

„Фејсбук“ казнет во Унгарија со четири милиони долари

msp-admin

„Адидас“ го продава „Рибок“

Влатко Зорба

Проектот на Huawei за 5G приватна мрежа ја освои наградата за развој на пазарот во 2021

Влатко Зорба