СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Понуда од соништата: Место работа од дома може и од карипски остров

Луѓе кои работат од дома за време на пандемијата од коронавирус, имаат можност да се преселат на Барбадос.

Премиерката Миа Мотли размислува да покрене проект 12-month Barbados Welcome Stamp со којшто на луѓето од странство им се овозможува да живеат на остров една година додека работат од далечина.

Мотли предложи вакво решение за спас на туризмот и економијата со оглед на тоа што краткорочните патувања станаа проблематични за време на пандемијата.

Туризмот сочинува 40% од бруто домашниот производ на Барбадос, а 30% од работната сила работи во секторот туризам, којшто е најпогоден поради приземјување на авионите и запирање на патувањата со крузери.

Премиерката ја предложи оваа можност за едногодишен престој, бидејќи се приближува датумот кога повторно ќе ги отворат границите за меѓународни посетители (12 јули).

“Не мора да работите во Европа, САД или Латинска Америка, ако можете да дојдете овде и да работите неколку месеци“, порача Мотли.

Она што е сигурно е дека на овој повик на Барбадос ќе може да одговорат само оние со подлабок џеб. Сите посетители кои ќе стигнат на островот ќе мора да покажат негативен тест на Ковид -19.

Поврзани вести

Коронавирусот создаде перспективно работно место, а диплома не е потребна

msp-admin

Кошмар на Волстрит: Што ако се воведе данок на финансиска трансакција?

Влатко Зорба

Дајмлер го укина скратеното работно време и исплати бонуси

Влатко Зорба