Стандард
КОМПАНИИ

Бројот на туристи во јуни намален за 95,6% во Македонија

Бројот на туристи во јуни оваа година изнесува 5.210, а бројот на ноќевањата изнесува 14.179, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Бројот на туристи во јуни 2020 година, во однос на јуни 2019 година, е намален за 95,6%, а бројот на ноќевањата е намален за 94,6%.

Бројот на домашни туристи во јуни 2020 година, во однос на јуни 2019 година, е намален за 88,9%, а бројот на странските туристи е намален за 97,9%.

Бројот на ноќевања на домашните туристи во јуни 2020 година, во однос на јуни 2019 година, е намален за 90,1%, а бројот на ноќевањата на странските туристи е намален за 96,6%.

Во периодот јануари ‒ јуни 2020 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е намален за 71,8% и тоа: кај домашните туристи има намалување за 64,8%, а кај странските има намалување за 74,8%.

Во периодот јануари ‒ јуни 2020 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е намален за 71,3% и тоа: кај домашните туристи има намалување за 64,1%, а кај странските има намалување за 75,3%.

Поврзани вести

Грција пред нова криза: „Локдаунот“ ги чини 3 милијарди евра месечно

Влатко Зорба

„Потенцијалните резерви на нафта во Црна Гора се мерат во милијарди евра“

Влатко Зорба

ОПЕК Плус го шокираше светскиот пазар на нафта

Влатко Зорба
error: Превземањето на содржина без дозвола од авторот е дело казниво со закон!!!