СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈАКОМПАНИИ

Од почетокот на кризата: 3 300 млади останаа без работа

Во нашата земја, според официјалните податоци, од почетокот на кризата, речиси 12.000 луѓе останаа без работа и без егзистенција.

-Речиси 3.300 од нив се млади луѓе под 29 години (не сметајќи ги лицата кои работат во неформалната економија).Секој 4-ти човек кој останал без работа е млад човек под 29 години, што дополнително ја отежнува состојбата со младинската невработеност во земјата која е меѓу највисоките во Европа, а изнесува 35 проценти, велат од ССМ.

Тие повикуваат да се слушне и нивниот глас и бараат од сите релевантни чинители во општеството, не само декларативно, туку реално да обезбедат поголема заштита за нивните рабтонички права и да обезбедат сигурни работни места, поголема социјална и економска сигурност и инклузивност во процесот на креирање и имплементирање на младинските политики.

-Ние, како млади луѓе сакаме слобода и право на синдикално организирање, затоа што сме свесни дека колективната борба е борба за подобро утре за сите, порачуваат младите од ССМ.

Под мотото „Кризата не боли и нас“, секцијата на млади на Сојуз на синдикатите на Македонија ССМ (СМССМ) заедно со младите вработени, членови на синдикатите од регионот и Европа се приклучува кон одбележување на Меѓународниот ден на млади, 12 август, Активни млади за глобална акција.

Поврзани вести

ССМ: Сабота и недела неработни, породилно отсуство една година и зголемување на минималната плата

6 работи кои што вашиот шеф ги забележува

msp-admin

Раде Кончар: Недостатокот од регистарски таблички не е поврзан со нашето работење

Влатко Зорба