СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Забрана на социјалните мрежи: Нема да може да се пишува дека пандемијата не постои

Социјалната мрежа Твитер во средата објави дека ќе мора да ги отстрани новите твитови на корисниците кои пренесуваат штетни, лажни или погрешни тврдења за вакцинација против ковид 19, проширувајќи ги своите правила за дезинформации за коронавирус.

Фејсбук и Гугл исто така најавија забрани за лажни тврдења за вакцините кои се косат со информациите на експертите за јавно здравје во последните неколку недели.

Како што наведоа, од корисниците би можело да се побара да ги отстранат твитовите со лажни тврдења кои сугерираат дека вакцините „се користат за намерно оштетување или контрола на населението, вклучително и изјави за вакцини кои повикуваат на намерен заговор“

Политиката, објавена истата недела кога Американците започнаа со примиање на вакцината против ковид 19, ќе важи и за лажните тврдења дека пандемијата не е вистинска или сериозна и дека вакцинацијата е непотребна.

Од Твитер исто така соопштија дека од почетокот на следната година можат да започнат да означуваат или предупредуваат твитови кои промовираат „неосновани гласини, спорни тврдења, како и нецелосни или вонтекстуални информации“ за вакцините.

Портпаролот на Твитер изјави дека компанијата, заедно со партнерите од јавното здравство, ќе утврдат кои дезинформации за вакцините се доволно штетни за да се оправда отстранувањето.

Фејсбук и Гугл исто така најавија забрани за лажни тврдења за вакцини кои се косат со информациите на експертите за јавно здравје во последните неколку недели.

Поврзани вести

Економскиот расен јаз во САД се зголеми тројно за 30 години, наместо да се намалува

Влатко Зорба

Италија: Над 5 милиони граѓани немаат ниту за основните потреби, 355.000 се под апсолутната граница на сиромаштија

Влатко Зорба

Шпанските оператори ги поздравија неочекуваните 5G лиценци на 40 години