СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Приходот на Apple од реклами може да достигне 11 милијарди долари во 2025 година

Дебито на Apple TV +, во комбинација со другите предлози на Apple во сферата надигиталните услуги, би можело да ги зголеми приходите од реклами на компанијатадо 11 милијарди американски долари годишно. Според анализата на JP Morgan, ова би можело да се случи во наредните шест години.

Во извештајот се проценува растот на приходите за една третина на годишно ниво – од 2 милијарди долари до 11 милијарди американски долари во 2025 година. И покрај недостатокот на раст на продажбата на паметни телефони iPhone во текот на изминатите две години, секторот на услуги ќе има огромно позитивно влијание врз бизнисот на компанијата од Купертино.

Секторот за услуги на Apple, кој ги вклучува Apple Care и Apple Music, оствари приход од 12,51 милијарди долари во последниот квартал, што го покажува потенцијалот на овој сегмент. Во септември, компанијата ја воведе и својата стриминг платформа Apple TV +, за која очекувањата се, исто така, големи.

Поврзани вести

Пандемијата „удри“ и по рекламниот сектор

msp-admin

Луѓе кои треба да ги држите подалеку од бизнисот

msp-admin

Marks & Spencer дели 7.000 откази и го менува начинот на продажба

msp-admin