Стандард
КОМПАНИИ

Сите Xiaomi смартфони во 2020 година, со цена од над 250 евра, ќе бидат со 5G

Минатиот месец беа разјаснети плановите на Xiaomi за лансирање на најмалку 10 5G паметни телефони следната година, а сега дознаваме повеќе за оваа тема.

Леи Џун, извршниот директор на компанијата, за време на конференцијата China Mobile Global Partner Conference изјави дека секој уред со цена од повеќе од 2.000 јуани (255 евра), кој ќе биде достапен следната година, ќе може да работи со мрежи од следната генерација. Треба да се напомене дека цените на телефоните Xiaomi надвор од Кина се значително повисоки. Кинезите во моментов нудат два модели со 5G – Mi Mix 3 5G и Mi 9 Pro 5G, кој го има само во Кина.

Можно е технологијата да стигне до подостапните паметни телефони, и може да се примени и на Redmi K30 и Mi 10 SE, на пример. Сосема е веројатно дека сите идни предводници на Xiaomi ќе имаат 5G поврзаност, вклучително и гејмерскиот Black Shark.

Во меѓувреме, очекувањата на телекомот China Mobile се да додаде 70 милиони 5G корисници во 2020 година, а мрежите од следната генерација ќе најдат примена во повеќе од 100 индустрии.

Поврзани вести

Совет од сестрата на Цукерберг: Создадете нешто ново, ако пропадне, обвинете ја пандемијата

msp-admin

Златото и понатаму е „рај“ за инвеститорите

msp-admin

Грчкиот туризам ќе помине пет пати полошо од економската криза во 2008 година

msp-admin
error: Превземањето на содржина без дозвола од авторот е дело казниво со закон!!!