СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Профитот на банките намален за 751 милион денари во првиот квартал

Во првиот квартал од оваа година, финансискиот резултат на банките е 1.144 милиони денари, што претставува намалување од 751 милион денари или за 39,6% во однос на истиот период од минатата година.

Ова стои во Извештајот за ризиците во банкарскиот систем во првиот квартал на Народна банка. Таму се наведува дека ваквото намалување на остварениот резултат во првото тримесечје од 2020 година во целост произлегува од удвоениот износ на трошоците за исправка на вредноста, коишто започнаа да растат уште од јануари 2020 година (овие трошоци се зголемуваат кај повеќето од банките, но во растот преовладуваат две банки). Во наредниот период се очекува дека трошоците за исправка на вредноста и натаму ќе растат со оглед на притисоците за потенцијално влошување на квалитетот на кредитното портфолио на банките, како последица на глобалната пандемија на ковид-19.

Исто така, растот на оперативните трошоци имаше свој придонес (од 18%) во намалената добивка. Од друга страна, вкупните приходи на банките умерено пораснаа за 2,8% (пад од 14,5% во истиот период претходната година), што најмногу произлегува од растот на другите нето финансиски и останати приходи, коишто придонесоа со 61,3% во растот на вкупните приходи. Истовремено, нето каматниот приход исто така забележа раст, што, пак, е резултат на посилното годишно намалување на расходите од камати (за 103 милиони денари, или за 9,7%), при помало намалување на приходите од камати (за 55 милиони денари, или за 1,1%).

Анализирано по одделни групи банки, негативен финансиски резултат од работењето прикажа само групата средни банки (од 366 милиони денари), како последица на повисоките загуби поради оштетувањата на финансиските средства (најмногу присутно кај една банка), додека малите банки забележаа зголемување на добивката. Големите банки, исто така, остварија позитивен финансиски резултат, но помал (за 305 милиони денари, или за 17,1%) во споредба со претходната година, најмногу поради повисоките загуби поради оштетувањата на финансиските средства. Намалената добивка на банкарскиот систем во првиот квартал од 2020 година негативно се одрази врз показателите за профитабилноста и ефикасноста.

Поврзани вести

Ангеловски: Да не се казнуваат сите угостителски објекти заради поединечни прекршители

msp-admin

Бугарската компанија за гас им враќа на граѓаните скоро 100 милиони евра

msp-admin

САД паднаа на второ место, Сингапур е најконкурентна економија во светот

msp-admin