Русија никогаш не си поставила задача да се откаже од плаќањата vo доларi, но американската политика ја принудува да го стори тоа, рече претседателот Владимир Путин.
„Никогаш не сме си поставиле задача да избегаме од доларот како платежен инструмент. Но, ние сме принудени да размислуваме како да се заштитиме. Ние сме принудени да ги диверзифицираме плаќањата меѓу државите“. Путин го рече тоа вчера за време на форумот „Руска недела на енергија“, цитиран од локалните медиуми.
САД се обидуваат да го искористат доларот како политичко оружје, смета тој.
„Ние гледаме обиди да се искористи доларот како политичко оружје. Мислам дека ова е уште една голема политичка грешка затоа што доларот ужива голема доверба во светот. Тој беше единствената универзална валута во светот. Поради некоја причина, САД започнаа да го користат доларот како инструмент за политичка борба, тие наметнуваат ограничувања за употребата на доларот. Со свои раце, тие започнаа со сечење на гранката на која седат и наскоро ќе паднат“, рече Путин.
Според меѓународните финансиски организации, девизните резерви на земјите во однос на доларот се намалуваат.
„Доларот се намалува како резервна валута во многу земји, вклучувајќи и кај американските сојузници. И плаќањата во долари во светската трговија се намалуваат: тие беа над 50 проценти, сега се 45 проценти“, додаде рускиот претседател.
Санкциите на САД против други земји за ограничување на плаќањата в долари „ја поткопуваат довербата во доларот“.
„Зарем не е јасно? Тие го уништуваат доларот со свои раце“, рече Путин.
На пример, земјите од Евроазиската економска унија се префрлија на плаќања во рубљи и сега 72% од плаќањата во оваа унија се вршат во национална руска валута, рече Путин.
Претседателот додаде дека се надева оти „раководните кругови во Соединетите држави мора да ја преиспитаат оваа состојба“.