СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Растат цените на нафтата

Цените на нафтата се зголемија на меѓународните пазари на над 69 американски долари, поддржани од знаци на економско закрепнување од корона-кризата и оптимистичките проценки за побарувачка на енергија.

На лондонскиот пазар цената на барелот порасна за 83 центи во споредба со претходното затворање и изнесуваше 69,38 долари. Барелот порасна за скоро иста количина на американскиот пазар, каде се тргуваше за 66,14 долари.

Поддршката на цената беше обезбедена од проценката на Меѓународната агенција за енергетика (ИЕА) дека побарувачката за нафта ќе го надмине производството на најголемите производители.

„Очекуваниот раст на понудата до крајот на оваа година не е ни близу нашата проценка за значително поголема побарувачка по вториот квартал“, соопшти ИEA.

И Организацијата на земји извознички на нафта (ОПЕК) истакнува силно закрепнување на побарувачката оваа година, предвидувајќи дека растот во Кина и САД ќе го надмине влијанието на кризата со коронавирусот во Индија.

Расположението на пазарите го поддржаа и позитивните податоци од британската економија, додека бројките за Германија и Франција се во голема мера во согласност со проценките.

„Очекувањата дека економијата и побарувачката брзо ќе закрепнат помогнаа во цената на пазарот во Лондон“, рече аналитичарот на „Комерцбанк“, Карстен Фрич.

Поврзани вести

Фејсбук забрани негирање на холокаустот

msp-admin

Извршниот директор на Zoom донираше скоро 40% од своите акции во компанијата

Влатко Зорба

Неуспехот на Трамп: Трговската војна со Кина ги чинеше САД 245.000 работни места

Влатко Зорба