„Со американскиот претседател Бајден, доколку ми се јави, би разговарал за заедничкиот развој. И на САД и на Кина им е потребно да ги развиваат своите економии, бидејќи тоа е добро за општеството и финансиската рамнотежа. Ова им треба на сите. Бидејќи човештвото продолжува да напредува, ниту една компанија не може сама да развива глобализираната индустрија. Потребни се заеднички напори низ целиот свет“. Ова беше одговорот на Рен Женгфеи, Извршен директор и основач на Huawei, на новинарско прашање: Што би му рекол на американскиот претседател Бајден, доколку му се јави , поставено на средбата на Женгфеи со интернационални медиуми.
По пауза од речиси една година, првиот човек на Huawei одговараше на прашања на новинари на отворањето на Интелигентната рударска лабораторија за иновации во тајванскиот град Шанкси.
Притоа, тој посочи дека трговската размена е од корист за двете страни. Дозволувањето на американските компании да ги снабдуваат со стоки кинеските клиенти придонесува за нивните сопствени финансиски перформанси.
„ Ако производствениот капацитет на Huawei се прошири, тоа ќе значи дека американските компании ќе можат повеќе да продаваат. Тоа е победа за двете страни. Верувам дека новата администрација ќе ги измери и избалансира овие интереси, додека ги разгледува своите политики. Сè уште се надеваме дека ќе можеме да купиме многу компоненти, делови и машини од САД, така што американските компании исто така ќе можат да се развиваат со Кинеска економиј, рече Женгфеи.
Тој посочи пример од средината на 18. Век кога Велика Британија усвои затворена политика кон САД, што ја поттикна Америка да се издигне како најмоќната земја во светот.
„Денес, САД нè блокираат нас. Дали ова ќе доведе до неочекуван исход? Како бизнис, немаме енергија да се вклучиме во политичкиот вртлог. Нашето внимание е насочено кон создавање на нашите сопствени производи. Бидејќи нашите производи се висококвалитетни, некои клиенти низ светот сè уште се држат до нас и успеавме да ја преживееме оваа тешка 2020 година. Ќе продолжиме да им служиме на овие клиенти, создавајќи уште поголема вредност за нив. Сакаме да имаат трајна верба во нас и се надеваме дека нема да се поколебаат поради политички притисок“, истакна првиот човек на Huawei.
Тој изрази надеж дека новата американска администрација ќе излезе со повеќе отворени политики, што се во интересите на американските компании и американската економија како целина.
„Одредени американски политичари се загрижени за потенцијалното влијание што 5G може да го има врз глобалната безбедност. Како што еднаш ветив, ќе ги пренесеме сите наши 5G технологии, не само лиценцирањето на производството, на други. Сè додека САД го бараат тоа, би префрлале сè, од изворните програми и изворниот код до хардверските дизајнерски тајни, па дури и дизајнот на чипот. Го мислев она што го реков, но ниту една компанија од САД не се пријави. Се надевам дека може да ни помогнете да ја пренесеме оваа порака до американските компании. Ако сакаат да разговараат, би биле среќни да разговараме“, рече Женгфеи.