СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Римац изгуби стотина илјади евра поради откажување на саемот во Женева

Поради корона вирусот, откажан беше саемот за автомобили во Женева, што требаше да се одржи од петти до 15-ти овој месец.

“До Женева возевме три автомобили, се убивме од работа, штандот е направен, платени се билети и сместување за 40 луѓе и имате стотина илјади евра трошоци што отидоа во ветар“, напишал Мате Римац, основач на Rimac Automobili, на Facebook, цитиран од Бизнис Инфо.

Од Palexpo, местото каде што се одржува настанот, исто така, посочија дека се преземаат сите мерки за вработените да ги минат неопходните проверки дека не покажале некакви знаци и симптоми од вирусот 14 дена при пристигнувањето во Швајцарија. Исто така, беше најавено дека организаторите соработуваат со здравствените власти во државата и внимателно се следи ситуацијата, а очигледно состојбата доведе до тоа настанот да биде одложен.

Поврзани вести

Кој е првиот човек во историјата со богатство поголемо од 200 милијарди долари?

msp-admin

Повик од ЕУ: 164 милиони евра за стартапи и мали и срeдни компании за борба против коронавирусот

msp-admin

Маск знае кој автомобил ќе биде најпродаван во 2022 година

Влатко Зорба