СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Ривалот на Тесла излегува на берза: „Ракавицата е фрлена!“

Производителот на луксузни електрични возила „Луцид Моторс“ се согласи да излезе на берза преку спојување со „Черчил Капитал IV“ (CIV).

Вредноста на комбинираната компанија се проценува на 11,75 милијарди долари.

„Луцид“, чиј шеф е поранешен инженер на Тесла, е уште еден во низата што ќе го користи приливот на инвеститори во секторот електрични возила преку првична јавна понуда (ИПО), инициран од неодамнешниот скок на вредноста на акциите на Тесла и построгите регулативи за емисиите на гасови во Европа и на други места, пишува Ројтерс.

Акциите на „CIV“ со кои се тргуваше на берзата, паднаа за скоро третина во понеделникот вечерта на 40,35 долари во нестабилно продолжено тргување, со што пазарната капитализација на споената компанија се искачи на околу 64 милијарди долари. За споредба, пазарната вредност на General Motors е околу 76 милијарди долари.

„Луцид“ изјави дека се на пат да започнат со производство и испорака на нивниот прв луксузен седан „Lucid Air“ во Северна Америка во втората половина на оваа година. Тие првично планираа да започнат со испораки во пролетта 2021 година.

„Луцид“, која ќе произведува возила во својата фабрика во Аризона, најавува испорака на 20.000 возила следната година, по што ќе ја зголеми количината на 251.000 возила до 2026 година со додавање на други модели како што е електричен спортски теренец.

Со почетна цена од 77.400 долари, седанот „Lucid Air“ ќе биде првиот со домет од 805 километри со едно полнење на батеријата.

Откако „Луцид“ ја утврди цената на својата лимузина, шефот на Tesla, Елон Маск, објави намалување на цената на неговиот предводник, седанот „Model S“.

„Ракавицата е фрлена!“, напиша Маск на својот профил на Твитер.

Договорот на „Луџид“ со „CIV“ вклучува приватна инвестиција од 2,5 милијарди американски долари од Саудискиот фонд за јавни инвестиции и фондови управувани од БлекРок и други.

Поврзани вести

РКЕ бара законски измени за поголеми и попрецизни надлежности

msp-admin

Колку заработуваат секоја минута BigTech компаниите (инфографик)

Влатко Зорба

Започна продажбата на Huawei FreeBuds 3 во Северна Македонија

msp-admin