СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Русија го намали производството и извозот на нафта

„Минатата година Русија го намали производството на нафта за 8,6 проценти во споредба со 2019 година, на 512,8 милиони тони, но сепак остана втор најголем светски производител“, рече министерот за енергетика Николај Шулгинов.

Тој исто така на состанокот на бордот на Советот на федерацијата за економска политика објави дека ланскиот извоз на руска нафта паднал за 12 проценти, пренесе агенцијата ТАСС.

Министерот оцени дека договорот меѓу Организацијата на земјите извознички на нафта и сојузниците, неформален сојуз наречен ОПЕК +, овозможи делумно неутрализирање на последиците од рекордниот пад на побарувачката на нафта и зачувување на цените на „црното злато“.

Руското производство на гас минатата година падна за 6,0 проценти, на 692,9 милијарди кубни метри, а извозот на гас падна за 2,4 проценти, рече Шулгинов.

Поврзани вести

Амазон постави термички камери во магацините за побрзо да ја мери температурата на вработените

msp-admin

Шокантен пресврт за златото: Омиленото прибежиште брзо ја губи својата вредност

Влатко Зорба

По 230 Балканци секој ден заминуваат во Германија на работа

msp-admin