СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

САД изгубиле 8,4 милиони работни места за една година

АМЕРИКА изгуби 8,4 милиони работни места во последните 12 месеци, рече американскиот претседател Џо Бајден во денешното обраќање пред печатот.

„Соединетите држави денес имаат 8,4 милиони вработени помалку во споредба со март 2020 година, а милиони сè уште не знаат кога ќе се вратат на работа“, рече Бајден, објави веб-страницата „Хил“.

Американската економија постигна напредок во март, бидејќи беа вработени околу 916.000 луѓе, а невработеноста падна за шест проценти, што е над прогнозата на американските економисти, кои предвидоа дека минатиот месец ќе се отворат 675.000 работни места, додава изданието од Вашингтон.

„Во првите два месеци од новата администрација, видов најголем пораст на бројот на вработени, што не беше можно за ниту една претходна администрација“, додаде Бајден.

Поврзани вести

На земјата којашто живее од нафта ѝ снемуваат пари

msp-admin

„Toyota“ го презема оделот за автономни автомобили на „Lyft“

Влатко Зорба

Почна со работа новата платформа Кооперација

msp-admin