СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

СБ ја подобри прогнозата за економскиот пад на Западен Балкан во 2020 година

Светска банка ја подобри прогнозата за економскиот пад на Западен Балкан во 2020 година од претходните 6,5 на 4,8 проценти.

Според последниот Редовен економски извештај (РЕР) на Светска банка, се очекува економската активност да опадне за 4,8 проценти во 2020 година, што е за 1,7 процентни поени помалку од предвидената стапка во април, објави Светска банка.

Како што е наведено, регионот на СБ западна во длабока рецесија поради пандемијата на Ковид-19, со пад на домашната и странската побарувачка и нарушување на синџирите на вредности, што во сите земји на СБ доведе до премин на економскиот раст во 2020 година на „негативна територија“.

Рецесијата се продлабочува, а пандемијата им се заканува на работните места и намалувањето на сиромаштијата во ЗБ, предупредува Светска банка.

Од јуни, невработеноста во регионот се зголеми за половина процентен поен и скрати 139.000 работни места.

Втор, посилен бран на пандемијата, присутен од средината на јуни, дополнително го попречува закрепнувањето на економијата во регионот.

Ограничувањата за патување и мерките за социјално дистанцирање имаат негативно влијание врз растот во земјите кои многу се потпираат на туризмот.

Пандемијата претставува нови предизвици на пазарот на трудот во регионот и се заканува да го поништи напредокот што овие земји го постигнаа во спроведувањето на социјалните мерки.

Поврзани вести

Rosenblatt Securities: Акциите на Apple можат да намалат и до 150 долари

msp-admin

300.000 примероци од овој смартфон се продадени за 1,8 секунди

msp-admin

Пазарната вредност на Tesla падна 244 милијарди долари за еден месец

Влатко Зорба