20.8 C
Скопје
19 септември, 2025
СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Шефицата на ММФ им порача на Владите ширум светот „да трошат колку што можат“

Владите ширум светот треба да трошат повеќе за да помогнат во заживување на економијата потресена од пандемијата, изјави директорката на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Кристалина Георгиева. Таа не даде никакви специфични економски предвидувања, но јасно стави до знаење дека сака владите да ги зголемат трошоците и повтори дека меѓународно синхронизиран пристап кон решавање на проблемот е најдобар за раст.

„Во 2020 година, ММФ обезбеди финансиска поддршка за 83 земји“, рече Георгиева.

Таа додаде дека од аспект на сегашните политики, апелира до земјите да трошат повеќе од март 2020 година.

„Трошете колку што можете, а потоа потрошете и малку повеќе. Продолжувам да се залагам за прилагодување на монетарните и фискалните мерки што ги штитат економиите од колапс во време кога имаме причина да го ограничиме производството и потрошувачката на населението“, рече шефицата на ММФ.

Георгиева го пофали синхронизираниот одговор на Русија на економските предизвици што ги носи пандемијата „Ковид-19“, споменувајќи ги во тој контекст монетарното олеснување на централната банка и фискалниот стимул на Министерството за финансии.

Таа, исто така, повика на поголема меѓународна соработка во напорите за дигитален и зелен раст, како што беше случај за време на активностите за развој на вакцини против Ковид.

Поврзани вести

Побарувачката на Кнауф производите е во постојан раст насекаде во светот

msp-admin

Дешифрирање мејлови: Што значи кога колега ќе ти напише „однапред благодарам“

msp-admin

„Фиат Крајслер“ и „Пежо“ решија да не плаќаат дивиденди за 2019 година

msp-admin