20.8 C
Скопје
19 септември, 2025
СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Словенечкиот план за закрепнување и отпорност пристигна во Брисел

Европската комисија потврди дека официјално го добила словенечкиот план за закрепнување и издржливост, кој ги специфицира реформите и проектите за јавни инвестиции што земјата има намера да ги спроведе со поддршка на механизмот на Европската унија за закрепнување и издржливост.

Словенечкиот план е дизајниран околу четири приоритетни столба – зелена транзиција; дигитални трансформации; паметен, одржлив и инклузивен раст; здравствена и социјална заштита, вклучително и инвестиции и реформи во долготрајната грижа и социјалното домување, пренесе Танјуг, повикувајќи се на СТА.

Проектите опфатени со планот ќе бидат спроведени до 2026 година, кога истекува механизмот.

Во документот, Словенија предлага проекти во сите седум европски приоритетни области, се наведува во соопштението на Претставништвото на ЕК во Словенија.

Од 2,5 милијарди евра достапни според словенечкиот план, 43 проценти или повеќе од милијарда евра одат за зелените цели, а 20 проценти или повеќе од 330 милиони евра за дигитални цели.

Останатите две области се паметен, одржлив и инклузивен раст, во кој се планира инвестиција од скоро 750 милиони евра и здравство и социјално осигурување, кои ќе добијат 364 милиони евра.

Поврзани вести

Jaguar Land Rover отпушта 2.000 лица

Влатко Зорба

LG се повлече од смартфон пазарот

Влатко Зорба

„Фајзер“ најавува поскапување на вакцините

Влатко Зорба