СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Србија од утре останува без туристички агенции

Од утре, Србија веќе нема да има ниту една туристичка агенција со лиценца за организирање патувања, објави Новости.

Бидејќи осигурителните компании не сакаат да издаваат полиси за осигурување поради наводен висок ризик, агенциите автоматски го губат правото за обновување на лиценцата, што истекува утре.

Доколку државата, осигурителните компании, агенциите и банките, бидејќи постои можност за преземање банкарски гаранции, не најдат соодветно решение, ниту една туристичка агенција во Србија нема да може да продава аранжмани од први октомври.

Во Србија има 480 организатори на патувања, за кои властите со години посочуваа, дека е преголем бројот на оние што се занимаваат со тој бизнис.

Поврзани вести

Американските власти бараат Tesla да повлече околу 158.000 автомобили

Влатко Зорба

Најниска цена како критериум за јавните набавки е проблем за компаниите

msp-admin

Што е најбитно во стратегијата за опоравување на хотелите?

msp-admin