Здравствените и економските последици од короната само ги поттикнаа веќе постоечките предвидувања за пресврт на демографските трендови што укажува на пад на светската популација. Во исто време, водечките американски институти и медиумите предупредуваат дека додека стапката на наталитет се намалува поради зголемената сиромаштија, бројот на милијардери рапидно се зголемува.
Веднаш по претседателските избори во САД, богатството на првите 10 најбогати луѓе во САД се зголеми за повеќе од 33 милијарди долари.
На Земјата живеат 7,8 милијарди луѓе. Иако Обединетите нации и други истражувачки центри претходно предвидуваа пренаселеност на планетата, сега се даваат спротивни прогнози, пренесува Бизнис и финансии.
Украина веќе изгубила третина од населението
Студија објавена во магазинот Lanset укажува дека во 23 земји, населението ќе се намали за половина, а во 34 земји а 25 до 50%. Во истражувањето се истакнува дека Јапонија го достигнала врвот од 128 милиони во 2017 година и дека ќе се намали на 53 милиони до 2100 година. Во истиот период населението на Италија ќе се намали од 61 на 28 милиони луѓе.
За разлика од западните земји во Европа, каде падот на наталитетот се ублажува со огромен прилив на мигранти, кај други земји има демографска опасност – мал број на новородени деца и иселување на младите. Таков пример е Украина, за која официјалните податоци покажуваат дека во изминатите две децении изгубила третина од населението.
Милијарда на милијарда оди
Американските медиуми исто така предупредуваат на последиците од падот на наталитетот, но истакнуваат дека додека популацијата во САД се намалува во исто време се зголемува бројот на милијардери.
Bloomberg истакна дека во време кога 43 милиони Американци останаа без работа и основни средства за живот, заедничкото богатство на американските милијардери достигна стотици милијарди долари. Forbes пресмета дека секој ден по американските претседателски избори само богатството на првите 10 најбогати луѓе во САД пораснало за повеќе од 33 милијарди долари.