СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

„Тесла“ ги намалува платите

Производителот на електрични автомобили, „Тесла“ ги намалува платите на сите вработени, а до четврти мај ги суспендира вработените што се плаќаат по час, пренесува CNBC.

Според официјални информации, над 30% се намалуваат платите на замениците претседатели, 20% на директорите и 10% на сите вработени.

Илон Маск, сопственик на „Тесла“, се решава на ваков чекор, којшто би требало да функционира до крајот на вториот квартал. Поради мерките на здравствените власти, за да се спречи ширење на Ковид-19, Маск беше принуден да стави клуч на неговата фабрика во Фримонт, Калифорнија.

Компанијата планира да испорача околу 88.400 возила и да произведе 103.000 во првиот квартал од оваа година.

Поврзани вести

Тутунскиот комбинат Прилеп со добивка прв пат по 20 години

msp-admin

Како рециклирањето придонесува за економијата?

Влатко Зорба

Горивата по исти цени и оваа недела

msp-admin