СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Tesla го отвора првиот сервисен центар на Балканот

Tesla се подготвува за со отворање на првиот сервисен центар во Атина, што ќе биде прв и на Балканот, а ќе ги задоволува сите потреби на купувачите. Одлуката за отворање на сервисен центар доаѓа откако компанијата почна да ги продава своите модели во Грција.

Илон Маск има продажни салони и галерии во 35 земји во светот, меѓу кои е и Хрватска, а сервисни центри има во скоро сите земји каде што е присутна Tesla.

Според грчките медиуми, првиот сервисен центар ќе биде отворен во јануари следната година, а моменталните сопственици на моделите на Tesla во Грција може да ги одржуваат своите возила кај тим од компанијата.

Сервисниот центар во Атина нема да биде значаен само за Грција, туку и за целиот Балкан, бидејќи во овој момент нема друг таков во регионот. Најблиските сервисни центри се присутни во Прага и Виена, додека се подготвува отворање и во Словенија.

Поврзани вести

Светската продажба на електрични возила порасна за 43 проценти

Влатко Зорба

„Визер“ ја проширува својата понуда за патничко осигурување со покритие за Ковид-19

Влатко Зорба

Американски компании и Huawei ќе соработуваат на 5G мрежите

msp-admin