Стандард
КОМПАНИИ

„Тесла“ нема да прифаќа биткоин поради климатските промени

„Тесла“ ја суспендираше можноста за купување на своите возила со биткоин поради загриженост за климатските промени, напиша извршниот директор Елон Маск на Твитер.

По оваа објава на Маск, вредноста на биткоинот падна за повеќе од 10%, а исто така падна и вредноста на акциите на Тесла.

Компанијата во март објави дека ќе прифати набавки преку криптовалути, по што наиде на критики од многу екологисти, како и од инвеститори, пишува Би-Би-Си.

„Ние сме загрижени за зголемената употреба на фосилни горива за трансакции со биткоин и рударство. Особено сме загрижени за јагленот, со најлоши емисии од сите горива. Криптовалутата е добра идеја, но не смее да предизвикува огромни еколошки проблеми“, напиша Маск .

Тој додаде дека компанијата нема да продаде ниту еден нејзин биткоин и дека ќе го користи повторно за трансакции штом „копањето“ на тие криптовалути ќе се претвори во поодржлив извор на енергија.

Биткоинот е криптовалута што може да се „копа“ на исклучително моќни компјутери. Оние кои копаат биткоини се натпреваруваат едни со други во решавање на комплексни математички загатки.

Но, многу електрична енергија се користи за овој процес, што се добива од фосилни горива. Во електронската рударска сцена доминираат Кинезите, кои се одговорни, според неодамнешното истражување, за 75% од „ископаниот“ биткоин ширум светот.

Поврзани вести

Кина му објави војна на својот најбогат граѓанин

Никола Поповски

Рекламните агенции заминуваат во историјата, „инфлуесерите“ ги преземаат работите во свои раце?

Влатко Зорба

LinkedIn испраќа 15,900 работници на одмор

Влатко Зорба