СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Тесла со предлог за инвестиција во земјата со најголемите резерви на никел во светот

Индонезија потврди дека добила предлог за инвестиција од производителот на автомобили Тесла, пренесе Ројтерс.

Веќе некое време се шпекулира дека Тесла би можел да отвори фабрика во оваа земја.

„Го добив нивниот предлог утрово и ќе се состанеме со нив следната недела за да добиеме официјални појаснувања“, рече заменик-шефот за инвестиции и рударство, Септијан Харио Сето.

Индонезија сака да стане најголем производител на литиумски батерии затоа што ги има најголемите резерви на никел во светот.

Индонезиските власти претходно изјавија дека постои „навистина добра шанса“ компаниите да сакаат да инвестираат во преработка на индонезиски никел за да ги намалат трошоците.

Првиот човек на Тесла, Елон Маск неодамна изјави дека планира да понуди „џиновски договор на подолг временски период“ се додека никелот се ископува „ефикасно и на еколошки чувствителен начин“.

Индонезија сака да развие целосен синџир на снабдување со никел дома, особено за вадење хемикалии од батерии, правење батерии и конечно изградба на електрични возила.

Поврзани вести

Автомат клубовите Астра донираа медицинска опрема вредна 20.000 евра на болницата во Тетово

msp-admin

На Црна Гора и недостасуваат 300.000 квадратни метри плажи за нормален туризам

Влатко Зорба

Шпанските оператори ги поздравија неочекуваните 5G лиценци на 40 години