СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Тимот на Reddit лут на своите луѓе што ги срушија акциите на GameStop: „Престанете да продавате“

Омилената компанија на луѓето од Reddit, GameStop деновиве не е толку примамлива на берзата како минатата недела, па затоа оние кои најревносно ги поддржуваа, почнаа полека да паничат.

Откако истите луѓе кои порано ги купуваа акциите на оваа компанија, сега продадоа голем дел, вредноста на акциите на оваа продавница за компјутерски игри вчера падна за дополнителни 42 проценти.

„Стоп за продажба на акции“ е насловот на објавата на форумот WallStreetBets, дом на армијата на Reddit, што доведе до драстичен скок на вредноста на GameStop со индивидуално купување на голем број акции во последните неколку недели.

– Имаме предност. Сè што треба да сториме е да купиме акции и да ги задржиме – напиша еден од корисниците на оваа мрежа.

Robinhood минатата недела накратко го прекина тргувањето со акциите на компанијата, а големите фондови соопштија дека немаат никаква врска со одлуката.

По масовната продажба на акциите, вредноста на GameStop падна вкупно 84 проценти, иако се уште тоа е скок од 184 проценти, ако ја погледнеме вредноста што ја имаа нивните акции пред една година.

Поврзани вести

Арсовска: Големиот пласман на македонските производи ќе го помогне економскиот раст

Берта Китинска

Јапонија размислува за четиридневна работна недела

Влатко Зорба

Путин жали што САД го уништуваат доларот како светска валута

msp-admin