СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

„Toyota“ го презема оделот за автономни автомобили на „Lyft“

Американската компанија за транспорт на патници „Lyft“ ја продава својата единица за развој на автономни автомобили на „Woven Planet Holdings“, подружница на автомобилскиот гигант „Toyota Motor“. Договорот е вреден 550 милиони долари.

Проектот „Woven Planet“ ќе обедини инженери и истражувачи на услуги за мобилност, како и софтвер и сензори и автоматизирани системи за возење за понатамошен развој на технологијата, тврди „Toyota“.

„Овој договор ќе биде клучен во поврзувањето на луѓето, ресурсите и инфраструктурата за да ни помогне да го трансформираме светот во кој живееме преку технологии за мобилност што можат да донесат посреќна и побезбедна иднина за сите нас“, изјави извршниот директор на „Woven Planet“, Џејмс Кафнер.

„Woven Planet“ и „Lyft“ исто така потпишаа комерцијални договори за користење на системот „Lyft“ и податоците на возниот пар за забрзување на комерцијализацијата на технологијата.

Тојота исто така рече дека договорот би значел дека „Woven Planet“ ќе има локации во Токио, Пало Алто, Калифорнија и Лондон.

Поврзани вести

Авиокомпаниите ќе можат да користат ковид-пасоши

Влатко Зорба

Абу Даби цели на водородот како гориво за иден извоз

Влатко Зорба

JPMorgan: Армијата во Reddit нема да предизвика голем пад на пазарот

Влатко Зорба