СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Трамп изгуби 700 милиони долари за 4 години

Богатството на поранешниот американски претседател Доналд Трамп падна за околу 700 милиони долари на 2,3 милијарди долари за време на неговиот четиригодишен мандат, според Индексот на милијардери Блумберг, пренесува Би-Би-Си.

Пандемија на коронавирусот го погоди Трамп откако неговите канцелариски згради, како и десетина хотели и одморалишта претрпеа загуби на приходите. Падот го забележале и неговите авиони и терени за голф, кои се 19 на број.

Трамп во моментов е цел на истрага за финансиското работење на неговата деловна империја, пренесува Хина.

Блумберг ја анализираше деловната документација на почетокот и на крајот на мандатот на Трамп со цел да го пресмета движењето на богатството во изминатите четири години. Вредноста на неговата главна комерцијална недвижност се проценува дека паднала за 26 проценти.

Поврзани вести

Глобалната трговија со храна ќе генерира приходи од 370 милијарди евра до 2022 година

Влатко Зорба

GDPR допрва ќе станува поголем и пострашен

Влатко Зорба

Деловната активност во еврозоната на двомесечен минимум

Влатко Зорба