Поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп, суспендиран од Твитер, Фејсбук и другите социјални мрежи по нападот на Капитол Хил на 6 јануари, планира да лансира сопствена платформа за два до три месеци, изјави еден од неговите советници за „Фокс Њуз“ денес.
Џејсон Милер, портпарол на кампањата на Трамп во 2020 година, рече дека Трамп повторно ќе влезе во просторот на социјалните мрежи со нова своја платформа за која рече дека „целосно ќе ја редефинира играта“.
Милер не даде други детали, а официјални лица на организацијата Трамп не ги коментираа овие тврдења.
.@JasonMillerinDC said President Trump will be "returning to social media in two or three months" with "his own platform" that will "completely redefine the game" and attract "tens of millions" of new users. #MediaBuzz
— #MediaBuzz (@MediaBuzzFNC) March 21, 2021
Твитер, кој трајно ја забрани сметката на Трамп на таа социјална мрежа, минатата недела соопшти дека ја разгледува политиката и разгледува дали лидерите треба да се придржуваат до истите правила како и другите корисници.
Фејсбук, кој го суспендираше Трамп на неодредено време во јануари, побара од неговиот независен надзорен одбор да одлучи дали забраната треба да биде трајна.
Засега, само Јутјуб најави враќање на Трамп. Имено, Јутјуб каналот на поранешниот американски претседател, блокиран на 12 јануари, повторно ќе биде активен кога опасноста од насилство е доволно намалена, објави Сузан Војчицки, шефицата на видео сервисот на Гугл, скоро два месеци по нападот на американскиот конгрес .