СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Трамп повика на бојкот на „Goodyear“, паднаа акциите на компанијата

Претседателот на САД, Доналд Трамп, повика на бојкот на автомобилските гуми на Goodyear Tire and Rubber Co, бидејќи го забрани носењето на капи со натписот на кампањата на Трамп „Make America Great Again“ (MAGA).

Поради објавувањето на Трамп на Твитер, акциите на компанијата веднаш паднаа за 3,8 проценти, пренесе АП.

Компанијата не ја забрани конкретно етикетата, но ги замоли вработените да се воздржат од какви било изрази на работното место кои вклучуваат политички кампањи „кои надминуваат прашања од расната правда и еднаквост“.

„Набавете си подобри гуми за помалку пари. Тоа е она што го прави радикалната левица“, напиша Трамп.

Неговиот твит дојде откако телевизијата WIBW објави, повикувајќи се на снимки од анонимен работник на „Goodyear“, дека пораките како „Black Lives Matter“ и поддршката за ЛГБТ популацијата се прифатливи, додека други, вклучувајќи ги MAGA и „Blue Lives Matter“ се класифицирани како неприфатливи.

Компанијата во одговор на Твитер рече дека секогаш ја поддржувале и еднаквоста и силите на редот и ќе продолжат да го прават тоа.

Поврзани вести

Tesla не успеа да испорача 500 илјади автомобили до 2020 година

Влатко Зорба

Nestle повлекуваат 350.000 килограми сендвичи, се сомнева дека содржат стакло и пластика

Влатко Зорба

Жито Лукс ќе инвестира во модернизирање на производството

msp-admin