СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Трамп стартува своја социјална мрежа?

„Твитер“ ги избриша новите твитови што американскиот претседател во заминување Доналд Трамп ги објави на официјалната владина сметка @POTUS и ја суспендираше сметката на неговата претседателска кампања, по трајното отстранување на личната сметка на Трамп од платформата.

Трамп објави на „Твитер“ „Нема да бидеме замолчени!“ од владината сметка @POTUS, која има 33,4 милиони следбеници. Неколку часа порано, Твитер трајно ја суспендираше неговата лична сметка @realDonaldTramp.

Компанијата соопшти дека налозите што Трамп ги искористил за да ја заобиколи забраната може да се соочат и со трајна суспензија.

„Твитер“ не е за слобода на говорот“, напиша Трамп во сега избришаните твитови, додавајќи дека размислува да изгради своја сопствена платформа за социјални медиуми во блиска иднина.

„Твитер“ ја затвори и кампањата @TeamTramp кратко време откако испрати твит со „изјавата на претседателот Трамп“ во кој го обвинува „Твитер“ за „забрана на слободата на говорот“ и се координира со „демократите и радикалната левица“ за да го замолчат.

Непосредно пред тоа, Трамп ги насочи своите 2,3 милиони следбеници кон неговата сметка на „Парлер“, која е популарна меѓу конзервативците, бидејќи има пристап кон модерирање на содржината.

Гугл го суспендираше Парлер во петокот, повикувајќи се на објави што поттикнуваат насилство, додека „Епл“ им даде 24 часа да достават детален план за модерирање.

Поврзани вести

Германската индустрија очекува подобрување во 2021 година

Влатко Зорба

iPad – уредот на декадата

msp-admin

Што сè поскапе во август?

msp-admin