СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Тревис Каланик целосно ја напушта Uber

Ко-основачот на Uber, Тревис Каланик го напушта управниот одбор и ги продава сите свои акции за да го насочи своето внимание на нов потфат, кој опфаќа услуги за испорака на храна, пренесува Ројтерс.

Каланик, кој помогна да се создаде Uber во 2009 година и претходно имаше скоро целосна контрола на компанијата, се повлече од функцијата извршен директор во јуни 2017 година, под притисок на инвеститорите по низата скандали.

Тој ќе го напушти управниот одбор на Uber до крајот на годината, соопшти компанијата во вчера.

Портпаролката на компанијата изјави во вторникот дека Каланик го продал целиот удел во вредност од околу 3 милијарди долари на Uber, додавајќи дека документите ќе бидат доставени до регулаторите во четврток по Божиќ.

Портпаролката одби да открие што ќе прави Каланик со приходите.

Воинствениот стил на Каланик го претвори Uber во една од најголемите компании за споделен превоз во светот, револуционизирајќи ја такси-индустријата и предизвикувајќи регулативите за транспорт во светот.

„Многу малку претприемачи создадоа нешто длабоко како Травис Каланик со Uber“, рече извршниот директор на компанијата Дара Косровшахи во изјавата, фалејќи ја „визијата и упорноста“ на Каланик.

Но, неговата нетолеранција се сметаше дека е причина за низа скандали и поплаки за време на неговиот мандат што предизвика бунт на акционерите и негово отстранување од управувањето во компанијата.

Каланик во изјавата рече дека сега кога Uber е јавно претпријатие, сака да се фокусира на сегашните деловни и филантропски иницијативи. Тој во моментов работи на стартап, чија цел е изградба на големи индустриски кујни и изнајмување ресторани. Таму ќе се подготвуваат јадења за компаниите за испорака на храна, заштедувајќи расходи за келнери и за простории за јадење.

Компанија CloudKitchens досега собра 400 милиони американски долари финансирање од државниот инвестициски фонд на Саудиска Арабија, пренесува Crunchbase. Самиот Каланик инвестираше „неколку стотици милиони долари“ во бизнисот, рече неговиот портпарол, без да ја открие точната бројка.

Цената на акциите на Uber опадна за повеќе од 30% откако компанијата, која работи во загуби, излезе на берзата во мај, бидејќи инвеститорите се скептични во врска со нејзиниот деловен модел и способноста да остварат профит. Вчера, акциите на Uber останаа на нивото од 30,44 долари.

Поврзани вести

Орка Холдинг и Аџибадем Систина издвоија 325.000 евра за справување со коронавирусот

msp-admin

„Блиц“: Алкалоид донира околу 85 илјади евра за пациентите на дијализа во Србија

msp-admin

Forbes откри 50 нови милијардери во областа на здравството

msp-admin