СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Трговски дефицит од над милијарда евра за седум месеци

Трговскиот дефицит во периодот јануари ‒ јули оваа година, изнесува 1.093.781.000 евра, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во периодот јануари ‒ јули 2020 година, изнесува 2.968.741.000 евра и бележи пад од 20,2% во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 4.062.521.000 евра, што е за 16% помалку во споредба со истиот период од претходната година.

Покриеноста на увозот со извоз, во периодот јануари ‒ јули 2020 година, изнесува 73,1%.

Трговската размена по производи покажува дека во извозот е најголемо учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, деловите на седишта и моторните возила за превоз на 10 или повеќе лица, вклучувајќи го и возачот, со мотор со внатрешно согорување со палење со помош на компресија (дизел или полудизел). Во увозот се најмногу застапени платината и легурите на платина, необработени или во прав, нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), плоснатоваланите производи од железо или нелегиран челик, неплатинирани или необложени и другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав.

Во периодот јануари ‒ јули 2020 година, според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, Република Северна Македонија најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Србија, Грција и Кина.

Поврзани вести

„Bugatti“ станува „хрватски“, деталите ги објави првиот човек на „Volkswagen“

Влатко Зорба

Богатството на овие „Ковид милијардери“ драстично се намалува со појавата на вакцината

Влатко Зорба

Просечната нето плата во март изнесува 26.422 денари

msp-admin