СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈАКОМПАНИИ

Заев ветува минимална плата од 20 илјади денари и нов закон за работни односи

Директна парична помош за работниците и компаните во најпогодените сектори, договорот на определено време да не биде подолг од една година и породилното отсуство да трае 12 месеци, се дел од барањата кои денеска Сојузот на синдикати на Македонија ги побара од Владата предводена од премиерот Зоран Заев.

Синдикатот бара и сабота и недела да бидат прогласени за неработни денови и да се воведат повеќе услови за пензионирање.

Премиерот Заев и економскиот тим на Владата вети минимална плата од 20 илјади денари, предвремено пензионирање до пет години, недела да биде неработен ден и нов закон за работни односи кој ќе ги содржи европските стандарди.

За овие барања двете страни ќе разговараат денеска на состанок во Сојузот на синдикати.

Претседателот на ССМ Дарко Димовски е оптимист дека нивните барања ќе бидат прифатени од извршната власт бидејќи, како што изјави, барањата се реални.

Премиерот вети дека ќе бидат прифатени оние барања кои реално во моментот може да се реализираат.

Поврзани вести

Хрватска им станува омилена дестинација на Американците

Stefanija Kuzmanovska

Битиќи на седницата на УО на Коморскиот инвестициски форум за Западен Балкан: Преку дијалог и соработка до политики со кои ќе направиме конкурентен регион

Пензиите достапни од 26 август

Берта Китинска