СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Цените на нафтата паѓаат

Цената на нафтата падна во понеделникот на меѓународните пазари на 44 американски долари, како резултат на зголемувањето на бројот на нови случаи на инфекција со коронавирус, особено во Европа, и тензиите меѓу најголемите потрошувачи – Кина и САД.

На лондонскиот пазар цената на барел нафта падна за 21 цент во однос на претходното затворање и изнесуваше 44,59 долари. Американскиот пазар тргуваше со барел по 13-отсто пониска цена, од 41,88 долари.

Пазарите се загрижени за новиот скок на бројот на заразени со коронавирус, особено во Европа. Франција и Италија воведоа нови ограничувања минатиот викенд, поради нагло зголемување на случаите со „Ковид-19“.

Новиот бран на заразени ја разгорува загриженоста за макотрпното закрепнување на побарувачката од патни ограничувања и скоро целосно суспендирање на сообраќајот ширум светот минатата пролет за да се запре ширењето на вирусот.

Пандемијата беше проследена со прекумерно снабдување, принудувајќи ги производителите дополнително да го намалат производството за да примат значително намалена побарувачка.

„Јасно е дека прекумерното снабдување не опаѓа толку брзо како што се очекуваше. На побарувачката, од друга страна, и треба повеќе време отколку што се очекуваше да се врати на нормално ниво“, објаснуваат аналитичарите од ИНГ.

Затоа, инвеститорите внимателно ќе го следат состанокот на министрите на Организацијата на земји извознички на нафта (ОПЕК) и нивните партнери оваа недела , во потрага по индикации за снабдување во наредниот период.

ОПЕК + се проценува дека достигна 95% договорено намалување на производството за 9,7 милиони барели на ден во јули, изјавија за Ројтерс четири неименувани извори. Од август до крајот на годината, ќе се намалува за 7,7 милиони барели на ден. ОПЕК + успеа во својот план бидејќи цените на нафтата се зголемија од 16 мај на околу 45 американски долари и се стабилизираа, изјави иранскиот министер за нафта Биџан Зангане.

Пазарите се загрижени и за тензиите меѓу САД и Кина, кои ја одложија анализата на првата фаза од трговскиот договор, закажана за сабота, поради конфликтот во крајниот рок.

Значителниот пад на цените на нафтата, сепак, беше попречен од фактот дека кинеските државни нафтени компании резервираа танкери за транспорт на најмалку 20 милиони барели сурова нафта на САД во август и септември.

Одделно, ОПЕК денес објави дека цената на барел од референтната корпа на нејзините членки во петокот е 44,62 долари, што значи дека паднала за 72 центи од претходниот трговски ден.

Поврзани вести

За 7 години претворил заем од 2.000 долари во бизнис вреден 90 милиони

Влатко Зорба

Кои земји од ЕУ им се најпривлечни за живот на Македонците?

msp-admin

Батак, ТАВ Македонија: Најголем предизвик се ограничувањата за патување на македонските граѓани во ЕУ

msp-admin