СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Твитер и Фејсбук ги затегнуваат мерките против лажните информации за коронавирусот

Твитер вчера соопшти дека ги проширува своите правила за модеррирање на содржината за да опфати повеќе форми на дезинформации околу новиот коронавирус, откако слична ескалација на мерките беше преземена од Фејсбук порано истиот ден.

Компанијата ќе бара од корисниците да отстрануваат твитови што негираат стручни упатства, кои промовираат лажни или неефикасни третмани и превенција или погрешно тврдат дека се експерти или службени тела. Целта е да се опфати „сè што ја зголемува веројатноста некој да добие вирус или да пренесе вирус“, се вели во соопштението на компанијата. Твитер исто така ќе преземе дејствија против тврдењата дека некои групи или националности се поподложни на „КОВИД-19“, имајќи ги тука пред се претпоставките, дека Кинезите поверојатно ќе се разболат.

Историски гледано, Твитер не сака да отстранува или цензурира твитови и продолжува да користи вакви мерки, нарекувајќи ги „заштита на разговорот“. Но, сега компанијата ја проширува својата дефиниција за штета за да вклучи и делува на повеќе категории на потенцијално погрешни содржини. Исто така, ја зголемува употребата на автоматизирано уредување со копирање на пристапот на Фејсбук и Јутјуб на Гугл.

Фејсбук, од своја страна, ја поставува страницата со информации за „КОВИД-19“ на врвот на изворите за вести од потрошувачи и дистрибуира потврден материјал од доверливи извори. Извршниот директор на Фејсбук, Марк Зукерберг изјави дека во средата компанијата лансира информативен центар што ќе ги насочи корисниците кон „авторитативна информација“ за новиот коронавирус. Новата функција ќе се појави на врвот на „News Feed“ и е дел од најновите напори на гигантот за борба против дезинформациите околу вирусот.

Центарот ќе биде распореден во Италија, Франција, Германија, Шпанија, Велика Британија и САД во наредните 24 часа. Фејсбук планира да го лансира на глобално ниво за своите 2,5 милијарди корисници. Ќе вклучува ажурирања во реално време од национални здравствени власти и глобални агенции, како што е Светската здравствена организација. Исто така, ќе има статии, видеа и публикации за социјално дистанцирање и како да се спречи ширењето на вирусот.

„Широкиот консензус е дека најголемата улога што можеме да ја имаме е да ги охрабриме луѓето сериозно да ги сфаќаат наредбите за социјална оддалеченост, особено луѓето кои можеби се чувствуваат изложени на ризик“, рече Зукерберг во конференцискиот повик со новинарите во средата.

Двата гиганти кај социјалните медиуми се во фокусна точка за дискутирање на проблемот што опфаќа широк опсег – од корисни и информативни до штетни и злонамерни вести. Бидејќи новиот коронавирус продолжува да се шири, компаниите за социјални медиуми се борат да ја намалат количината на лажни информации на нивните страници. Вирусот предизвикува респираторно заболување, познато како КОВИД-19, кое вклучува симптоми како што се кашлање и останување без здив. Теориите на заговор се движат од фактот дека коронавирусот е изум на фармацевтската индустрија или е предизвикан од 5G.

Сепак, не е јасно колку добро функционираат напорите за спречување на дезинформациите. Претходно овој месец, Њујорк Тајмс објави дека десетици видеа, фотографии и публикации, кои содржат информации за коронавирусот, продолжуваат да поминуваат низ „пукнатините“ на социјалните медиуми. Дезинформацијата на коронавирусот се појави и во приватните Фејсбук групи и ВатсАп шифрирани пораки, што отежнува компанијата да ги пронајде и дебагира овие лажни тврдења.

Поврзани вести

Деспотовски: Поддршката од ФИТР кон компаниите е зголемена за над 50 пати

msp-admin

Трамп: Ќе воведеме царини за сите компании кои ќе заминат од САД

msp-admin

Волстрит со голем пад на почетокот на годината

Влатко Зорба