20.8 C
Скопје
19 септември, 2025
СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

„Twitter“ суспендираше 70.000 кориснички сметки поврзани со движењето „QAnon“

„Twitter“ „трајно суспендираше“ 70.000 сметки поврзани со про-Трамп движењето „QAnon“ за да спречи социјалната мрежа да се користи за насилни цели, како што се организирање немири во Вашингтон минатата недела.

Платформата спроведе „чистка“ во петокот, почнувајќи со блокада на сметката на американскиот претседател Доналд Трамп.

„Овие сметки во голема мерка ја споделија опасната содржина поврзана со движењето „QAnon“. Тие беа главно посветени на ширење теории на заговор“, се вели во соопштението на „Twitter“ објавено синоќа.

Многу корисници имаа повеќе сметки, така што бројот на суспензии беше голем.

Социјалните мрежи „Twitter“ и „Facebook“ минатата недела ја суспендираа сметката на претседателот Трамп во заминување поради неговите коментари во врска со упадот во Конгресот на САД.

Двете компании направија чекор без преседан по насилството на приврзаниците на Трамп во Вашингтон.

Поврзани вести

Wizz Air најавува понатамошно проширување со нова база на аеродромот во Кардиф

msp-admin

За прв пат во историјата: Жена на чело на СТО

Влатко Зорба

Што е ковид – возраст?

msp-admin