СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Вашингтон ги заостри санкциите за „Хуавеи“, Помпео ги нарече „воен огранок за надзор“ на Пекинг

Соединетите Американски држави денеска објавија дека ги заоструваат санкциите против кинескиот телекомуникациски гигант „Хуавеи“, проширувајќи ги на 38 нејзини подружници за да го ограничат пристапот до американската технологија, се вели во соопштението на американското Министерство за трговија.

Доналд Трамп ја нарече кинеската групација „шпион“ во телефонски разговор со „Фокс њуз“.

Администрацијата на Трамп го обвинува „Хуавеи“ дека ги користи своите странски филијали за заобиколување на санкциите.

САД проценуваат дека компанијата е закана за безбедноста на нивната земја поради нејзината поврзаност со кинеската влада, што „Хуавеи“ го негира.

Компанијата и нејзините подружници „ги засилија напорите за набавка на најнапредни полупроводници развиени и произведени со употреба на американски ИТ програми и технологија за да ги постигнат политичките цели на кинеската комунистичка партија“, рече министерот за трговија Вилбур Рос во изјавата.

Државниот секретар на САД, Мајк Помпео, рече дека администрацијата на Трамп смета дека „Хуавеи“ е „воен огранок на кинеската комунистичка партија, кој е задолжен за надзор“.

Овие нови санкции се воведени за „заштита на американската национална безбедност, приватноста на нашите граѓани и интегритетот на нашата 5G инфраструктура од штетното влијание на Пекинг“, додаде тој.

Вашингтон сака да ги спречи „Хуавеи“ и другите кинески добавувачи да го контролираат пазарот на нови технологии и 5G мрежата.

„Хуавеи“, која веќе една и пол година е преокупирана со администрацијата на Трамп, се наоѓа на американскиот црн список, за да не може да ги добие „изработените во САД“ технологии, кои очајно и се потребни при производство на телефони.

Судирите меѓу Кина и САД избувнаа по историскиот трговски договор потпишан во јануари, кој требаше да ги олесни тензиите.

„Кина ни направи ужасни работи. Тие можеа да бидат запрени. Тие потиснаа болест што ја нарекувам кинески вирус. Тие го спречија нејзиното ширење во Кина, но не и нејзиното ширење во САД и во целиот свет”, се пожали Доналд Трамп во понеделникот.

Поврзани вести

Што покажуваат искуствата со лекување со биолошки лекови?

msp-admin

„SPAC“ со месеци ги тресе САД: Зошто овој инвестициски систем привлече и „обични смртници“?

Влатко Зорба

Дали производителите на вакцини треба да бидат лишени од патентните права, за да можат сите да ги прават?

Влатко Зорба