Во Хефеи, најголемиот град во кинеската провинција Анхуи, завршен е дел од патот долг 4,4 километри, кој е целосно покриен со мрежата 5G, а наскоро ќе следи и официјалното отворање за јавен превоз.
Изградбата на обиколницата започна во август минатата година и сега е целосно покриена со мрежата 5G и уредите за мониторинг и надзор, кои се поврзани со центарот за контрола во „облакот“.
Овој пат е модел за развој на патната инфраструктура и идните технолошки напредни делници кои ќе можат да обезбедат најсовремени безбедносни функции.
Патот ќе биде отворен за редовен сообраќај, но и за тестирање на автономни и поврзани возила кои ќе можат да ги поминат сите фази на инспекции во реални услови на вакви делници.
Провинцијата Анхуи на тој начин им се придружи на Шангај, Пекинг и Шенжен, кои исто така нудат „поврзани“ патни зони, каде се одвива тестирање на автономни возила.
Кина има намера да стане светски лидер во развојот на модели на автономни автомобили поврзани со 5G мрежи, и со тоа силно го поддржува развојот на ваквите патишта.